Хаосот пред вакциналните пунктови Филипче го објасни како „настаната грешка“

По вчерашниот хаос во вакциналните пунктови во Скопје денеска е мирно. Граѓаните кои вчера чекаа со часови  со закажани термини да бидат вакцинирани дома си заминаа не имунизирани, па затоа денеска конечно си го дочекаа редот.

За вчерашниот метеж, од вакциналниот пункт во поликлиниката Букурешт велат – дека се случил, затоа што граѓани кои што требало да добијат вакцина во Борис Трајковски биле препраќани кај нив, поради и што настанал овој хаос.

На прашањето зошто се дозволи 70 и 80 годишни граѓани да чекаат со часови за да се вакцинираат министерот Филипче се правда дека станувало збор за недоразбирање во термините, но сега тој проблем бил решен.

Во однос  на чекањето и гужвите мислам дека има сосема доволен  предвиден простор да не прават и да се чека на одредено растојание. Оваа слика и доколку е некаков ризик, засега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна  вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник  насекаде ќе бидат дистрибуирани согласно бројот  на пријавени граѓани кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем којшто ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви, изјави Филипче.

Проблемот, можеби ќе биде решен, но вистиското прашање е , зошто нешто треба да се случи, за потоа да се реагира.

Утре рано изутрина конечно пристигнуваат 200 илјади вакцини на Синофарм.Досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, или едвај нешто повеќе од 3 проценти.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста