Хаос во управата за матични книги – граѓаните револтирани

Револтирани и нервозни – граѓаните се жалат од безредието и работата на Управата за водење на матични книги во центарот на Скопје. Тие пред камерата на Алфа се пожалија, дека чекаат со денови и месеци за да добијат било каков потребен документ. Но и кога ќе го добијат документот, сведоштвата на граѓаните говорат дека најверојатно е дека ќе има некоја грешка во изводот, умреницата или пак венчаница.
Се пожалија на неажурните службеници, велат – освен што се бавни, се и многу неуслужливи.
Но ова не е се. Остануваат вчудоневидени кога ќе видат оти имаат во графата за државјанство имаат коси црти. „Зарем ние сме коси црти?!“ реагираат.
Управата е под контрола на Министерството за правда и нуди повеќе од десет услуги, а функционира само еден шалтер кој би требало да опслужи илјадници граѓани.
Ања Василева