Хаос во поликлиниката Јане Сандански – не се издаваат рецепти оти нема интернет

Нема интернет – ова го добиваат како одговор дијабетичарите во поликлиниката Јане Сандански, кои во очај да дојдат до неопходната инсулинска терапија со денови се мачат да добијат рецепти. Иако процедурата е телефонско продолжување на рокот за важење на рецептата, тоа што нема интернет е апсолутна опасност. Како е возможно во вонредна состојба оваа екстремно ризична група на луѓе да бидат оставени на милост и немилост. Револтирани се:

За маката да биде поголема Аеродромци се пожалија оти биле препраќани да одат дури на другиот крај на Скопје, во Ѓорче Петров, или пак Карпош, Бит Пазар за да земаат документ за неопходните лекарства.

Додека граѓаните се револтирани и во паника, надлежните за Алфа се правдаат и уверуваат дека денеска наводно проблемот бил надминат, со што, во штуро соопштение на неколку поставени прашања од Алфа, без конкретни детали- велат проблемот бил од техничка природа.

Проблемот со интернет во Јане Сандански е решен, истиот беше од техничка природа. Сите пацинети може да ја добијат соодветната потребна терапија.велат од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.

Инаку во земјава бројот на дијабетичари постојано се зголемува, над 250.000 се заболени од дијабетес од кои, околу 70.000 пациенти се на инсулинска терапија.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста