Хаос во образованието – не само учениците, и училиштата треба сами да се снаоѓаат

Нов хаос во образованието поради задоцнети одлуки. Владата даде зелено светло за целодневен престој за учениците од прво до трето одделение ама сега тоа предизвикува проблем како да се реализира. Првиот човек на Синдикатот предупредува дека решението нема шанси да се спроведе бидејќи нема доволно наставници. Училиштата допрва ќе распишуваат и анкети за целодневна настава.

„Веројатно ќе се создадат многу проблеми во однос на органзирање на целодневната настава од просторни проблеми и проблеми со наставен кадар. Секој родител има право да го остави детето на целодневна настава ама не смее да се мешаат деца од различни групи. Според тоа сериозен е проблемот со наставниот кадар“ – вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

За проблемот со целодневната настава алармираа родителите, кои требаше да се вратат на работните места и имаат проблеми со чување на децата по наставата. Во новите корона услови и онака има потреба од двојно повеќе наставници оти децата учат во повеќе групи. Проблемот е сега во рацете на општините и училиштата, кои треба сами да се снајдат на децата да им овозможат продолжен престој.

Синдикатот реагира и за проблемолт со ИТ опремата за наставниците. Обвинуваат дека директори на некои училишта ги присилувале вработенитесами да си набават компјутери. Министерката за образование  наместо да понуди решение, повика на солидарност од страна на учителите.

„Дел од училиштата обезбедуваат, во тек се, во голем дел наставниците се согласија да користат свои уреди, сега е важна солидарноста“ – вели министерката за образование Мила Царовска.

Во целиот хаос, најмногу проблеми создава онлајн наставата. Националната платформа крахираше, а учениците сега мака мачат да ја следат наставата преку други програми. Оние пак кои немаат пари за компјутер, над 40.000 уленици, приморани се наставата да ја следат преку телевизија. Власта се правда дека за решавање на нивнот проблем и навбавка на компјуртери ќе треба многу време. Во неколку градови учениците излегоа и на улица, ја бојкотираат наставата и бараат физичко присуство. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста