Хаос во метрополата- дефект го остави пола Скопје без струја

Синоќешниот скопски мрак, донесе мрак и на Клиниката за гинекологија и акушерство, од каде информираат дека дошло до кус прекин на снабдувањето со електрична енергија, информација која прво ја објави Алфа. Ништо не би било чудно доколку не се работи за клиника каде во инкубатор престојуваат бебиња. Во случаи кога ќе снема струја на клиниките се вклучува  агрегат, нешто што вчера на кратко затаило. Оваа информација ја проширија загриежни пациенти, но и лекари на Клиниките. Но од Гинекологија смируваат.  Пред камерата на Алфа потврдуваат дека имало проблем со агрегатот, но дека поради таквата ситуација ниту еден пациент не бил доведен во животозагрозувачка состојба.

-Во моментот кога снемало струја биле вклучени УСП батериите на секој еден од апаратите, така што во ниту еден момент ниту еден живот на никој пациент, а најмалку оние кои се прозивале во јавноста, а тоа се недоносените бебиња бил ставен во прашање, апсолутно не, вели Драгана Букилица за Алфа.

Не само на клиниките. Падот на мрежата предизвика хаос речиси низ цело Скопје. Вчера, а и денеска претпладне поширок дел од централното подрачје немаше струја. Граѓаните реагираат дека падни стани напонот создава проблеми. Загрижени се што тоа се случува на самиот старт на зимата:

Од ЕВН се правдаат дека тоа се случило поради проблем на 110 киловолтниот далековод Скопје 3 Запад.

-Се случи прекин на 110 киловолтниот далековод Скопје 3 Запад, во трафостаница Скопје 3, каде што реагирала заштитата, за да не настане дефект во самата трафостаница поради преоптоварување на истата линија поради зголемување на бројот на корисници, вели Ковачевски за Алфа.

Каква беше сликата во Скопје среде работното време без струја, покажа хаосот кој се создаде во сообраќајот. На дел од крстосниците имаше сообраќајни полицајци кои регулираа, но на дел, возачите самите се регулираа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста