Хаос во Батинци, нападнат полицаец

На 23.09.2020 околу 18.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, натоварено со дрва. Возачот одбил да се легитимира, а при обид да го приведат, се собрале повеќе лица, а едно од нив нападнало полициски службеник. Возилото со дрвата било однесено во ПС Драчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.