Хаос со термините за вакцинирање: 80 годишна битлачанка треба да оди во Кавадарци, Тетовец во Куманово

Велешани ќе се вакцинираат во Кавадарци.Кавадарчани во Битола.Тетовци  во Куманово.Охриѓани во Скопје. Граѓани над 70 години кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk се жалат дека добиле термини да се вакцинираат не во градот во кој живеат, туку во соседните, иако во нивното место на живеење има вакцинален пункт за масовна имунизација.На фејсбук групата КОВИД-19 ИСКУСТВА И СОВЕТИ најблиските роднини на постарите лица кои чекаат за имунизација очајно прашуваат – зошто нивните родители добивале збунувачки смс пораки во кои се закажува  друго, непознато лице со датум, час, име и пункт за вакцинација.

Од Велес сме, а мајка ми ја викнаа во Кавадарци за вакцинација.

Мене ми се случи, пријавена во Скопје, а кога се јавив кај матичната докторка и прашав зошто се уште не ме повикале, ми рече дека сум била закажана во Охрид.Апсурди.

Од  Битола а треба да се вакцинира во кавадарци, 80 годишна жена.Лудило!

За едната тетка добив известување на маил, за другата не.Едната од Битола, закажана за Охрид, ептен чудно!”

 “Татко ми доби термин во Тетово, а живее во Куманово.

“Очигледно сите различни информации добиваат.” – ова се дел од коментарите на социјалните мержи.

И покрај ваквата хаотична ситуација според Министерството за здравство проблем нема.

СМС пораките се испраќаат на бројот кој лицето го оставило кога се пријавило на vakcinacija.mk или преку матичен лекар, односно на бројот кој е во досието на пациентот.  Пунктот за кој добил термин, граѓанинот сам го избрал или е избран од матичниот лекар.” – велат од МЗ.

Од Министрството за здравство не ни одговорија зошто, сега кога имаме посериозна бројка на вакцини – вакциналните пунктови не работат за викенди и празници, како што тоа е пракса во голем дел од земјите.

Инаку, здравствените власти најавија дека од утре ќе се вакцинираат дневно од 10 000 до 15 000 граѓани.Но  според голем дел од лекарите ваквиот план е тешко остварлив, со оглед на бројот на пријавени и немањето кампања.Приоритет за боцкање ќе имаат над 218 500 илјади лица пријавени на вакцинација.мк. Досега се вакцинирани околу 61,600 луѓе – или нешто помалку од четири проценти од насалението.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста