Хаос со термините за вакцинација, нема вакцини за сите – Филипче за само 24 часа со две различни изјави

Јавноста лута на министерот Филипче за лажната надеж која им ја даде на илјадници помлади граѓани дека сите кои се имаат пријавено на vakcinacija.mk до 30 април ќе добијат термин до 15 мај. Министерот ги збуни граѓаните со изјавата дека сега нема вакцини за помладите, повозрасните лица кои се критична категорија,  а се пријавени на сајтот остануваат приоритетни.Граѓаните гневни за хаосот со кој се соочуваат со термините за вакцинација. На социјалните мрежи прашуваат има ли крај на неажурноста на здравствените власти.

  • Министерот прво рече дека сите пријавени од првата тура, до 30ти април ќе добијат термин до 15 мај, после кога ги спомена новите 130.000 пријавени рече тука ќе сопреме со повикување, не беше баш јасно.
  • Кој ќе објасни како се одвива повикувањето на вакцинација? Моите родители двајцата хронично болни, 63 години, три пати ги пријавувам и немаме никаков одговор. Гледам и читам дека помлади луѓе се вакцинираат.Што да преземеме?  
  • Пријавени од февруари а викате луѓе што во април се пријавиле и што не се хронични, срамота.
  • Се пријавив вториот ден, термин се уште нема? Или ние што имаме 30 години не сме битни ?
  • Хаос ви е системот.Преку ред се вакцинира кој, како стигне…луѓе пријавени пред месец-два немаат термини. – ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Филипче пред два дена со неговата изјава ги израдува дел од граѓаните кои со месеци чекаат да бидат вакцинирани дека сите кои се пријавени за сајтот до 30-ти април ќе добијат термини за вакцинација без оглед на возраста, за по 24 часа да се предомисли.

“Решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април – сите граѓани коишто се пријавени на сајтот vakcinacija.mk, а тоа се невакцинирани близу 160 илјади, во период од две недели, значи некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација преку СМС порака или меил со точно време и пункт каде треба да се јават.” изјави Филипче пред два дена во интервју за Радио Слободна Европа.

“Возрасната граница се спушта според бројот на пријавени, некаде се спушта и до 40 години во некои градови каде нема доволно пријавени постари граѓани. Бројката на вакцинирани над 70 години е негде околу 33 проценти. Сега ќе запреме со повикувањето на 40 или 45-годишни, за да од дополнителната бројка на 130 илјади кои аплицирале, ги повикаме постарите од 70 години, бидејќи тоа е ризичната група која сакаме да ја заштитиме“, ова го кажа министерот вчера.

На официјалниот сајт за вакцинација бројчаникот вели 303.574 пријавени за вакцина.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста