Хаос на Онкологија – пациентите „висат“ пред болничките врати, Клиниката нема капацитет да ги опслужи

Хаос на Онкологија – пациентите „висат“ пред болничките врати, Клиниката нема капацитет да ги опслужи

Онколошките пациенти “висат” пред болничките врати и во најтоплите денови. Ходниците на скопска онкологија секојдневно се преполни. Доаѓаат од сите градови од земјава, некои патуваат и по стотици километри, а тргнуваат уште од раните утрински часови за да стигнат до клиника. Вакво е секојдневието на пациентите со малигни заболувања во земјава.

Дневно во амбулантите речиси по 200 пациенти примаат терапија. Менаџментот на клиниката вели дека нема капацитети за да одговори на потребите, затоа што пациентите од цела држава се праќаат тука. 

И по бројните апели и аларми од докторите на клиниката, министерството за здравство досега не одговори на барањата за вработувања на оваа установа, а ништо не се оствари ниту од најавите за регионални онколошки центри.

И по 10 месеци од избивањето на еден од најголемите скандали во здравството “онкологија” истрагата се уште е во рацете на ОЈО.

Пациентите се оптимисти дека во иднина нешто ќе се промени и кончено ќе се казнат виновниците за препродажбата на цитостатици.

Статистиките покажуваат алармантен пораст на бројот на новозаболени со карцином. Годишно во Македонија се регистрираат повеќе од четири илјади лица со малигни заболувања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )