Хаос на охридско – струшкото крајбрежје, протоколите не се почитуваат, а нема ниту спасители

Хаос на охридско –струшкото крајбрежје ,во ек на сезона  државата започна акција за рушење на дивограбите,оставајќи ги плажите без концесинонери,а капалиштата потполно небезбедни, бидејќи нема спасители.Згора на се’ никаде, на ниту една плажа  не е поставена табла на која согласно правилникот треба да стои дека капалиштето е небезбедено.Деновиве за влакно беше спасен детски живот,10 годишно момче кое се давело во езерските води било спасено од медицинско лице кое случајно се затекнало на плажата каде што се случил инцидентот.

На капалиштата вдолж целото крајбрежје,не се обезбедени нити најнеопходните мерки за безбедно функционирање,на повеќе од половина од плажи не се ангажирани на спасители.Од охридскиот Црвен крст инфомираат дека 17 плажи на охридското крајбрежје сеуште не ги имаат обележано капалиштата ,нити имаат ангажирано спасители. Состојбата е полоша во Струга, каде од 15 плажи само 2 воспоставиле безбедносни критериуми-останатите се небезбедни за капење, спорт и рекреација.

“Останатите капалишта,дел од нив работат на диво, имаат лежалки, имаат шанкови, а немаат услови за безбедни капење .Значи се работи за цел потег на источната страна и исто и на струшкиот дел. Апелирам и молам сите совесно и одговорно да ги почитуваат мерките и препораките за да не дојдеме да имаме инциденти во текот на ова лето.Тоа се прави за свое добро,не го правиме тоа за некој во државата.” – вели Сашо Точко-Претседател на Црвен крст Охрид.

Згора на тоа, не се почитуваат ниту протоколите за плажите.Никој на плажа не носи маска,не се почитува дистанцата на суво, а камоли во вода. Туристичките работници велат дека е е тешко спроведувањето на протоколите.

“Не знам и колку ние како луѓе првенствено самите а и ние како хотел сме во можност да бидеме 100% сигурни и да гарантираме дека баш тоа така ќе биде.Ние можеме да се грижиме за лежалките на плажа, за растојанието и за тоа апсолутно нема никаков проблем. Но, за дистанца во вода, колку лица на која близина ќе бидат во водата, не знам колку ние можеме да бидеме сигурни во тоа.Исто така претпоставувам дека дополниутелен проблем ќе биде и она дизинфицирање на лежалки после секое станување на гостин.” – вели Ана Јанчева Дуданова-хотелиер.

На социјалните мрежи врие,секој со свое видување:

”-Ниту се почитува одржување на два метра растојание,ниту пак се носат маски.Шанкерите прават кафиња без маски и ракавици.Ова воопшто не е добатр знак за периодот кој следи.

-Најдобрите денови од одморот да ги поминам како марсовец со маска на лице,со сретство за дезинфекција во торба,простете но за мене не е нормално.

-На плажа со маски, и на дистанца ,а во кафеана како сардини –ова е лудило.”ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста