Хаос на македонските патишта предизвика снегот, нови врнежи се очекуваат и викендов

Хаос на македонските патишта. Врнежите од снег направија застој во речиси цела Македонија. Камиони и автомобили завеани од снег имаше на планинските превои но дури и на дел од автопатите.

Забрани за тешки товарни возила се уште се во сила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, Дебар – Маврови Анови и на планинскиот премин Стража.

  • Од 15:30 часот на патот Македонски Брод – Прилеп е укината забраната за движење на тешки моторни возила преку планинскиот премин Барбарос, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Нови снежни врнежи од ноќеска повторно ќе ја зафатат цела земја, најавуваат синоптичарите. Велат дека и наредната недела ќе вее снег, но не со толку јак интензитет. Повеќе снег се очекува на повисоките места и на планините.

  • Врнежите од снег и дожд кои се со поголем интензитет во југоисточниот дел од Македонија ќе предизвикаат покачување на водостоите кај помалите реки и истекувања кај суводолиците, предупредува УХМР.

Од УХМР велат дека од понеделник земјава ќе ја зафати нов студен и влажен бран.

Борис Грујоски