Хаос и турканици пред МВР – граѓаните и денеска чекаат во редици за да извадат лични документи

Хаос, турканици, и нетрпение пред просториите на МВР. Граѓаните и денеска со часови чекаат во редици за да извадат лични документи во закажаните термини. Редот е од паркингот до скалите, а граѓантие со часови чекаат да стасаат до некојa од кабинтие за сликање.

Стотици граѓани и денеска ги преплавија институциите, чекајќи ред за документи, и ако се суди според денешната слика од терен, граѓаните да можат и еден преку друг ќе прскокнат за побрзо да завршат работа. Високите температури само ја зголемија нервозата.

На дел од граѓаните им биле поместени закажаните термини, а други преку ред се обидувале да добијат термини бидејќи и закажувањето преку телефон речиси и да не работело. Луѓето се пожалија дека биле неколку пати вратени од службите со изговор дека „системот не работел“ и им било кажано да дојдат повторно. Револтирани се дека ништо не функционира во државата.

И додека стотици граѓани чекаат на ред и илјадници други се обидуваат да закажат за термин, од МВР признаваат дека имало проблем. И покрај хаотичната слика на терен, велат дека сега системот функционирал.

  • Вчера во одреден период имаше поголем број на граѓани поради тоа што за фотографирање за пасош покрај редовно закажаните термини дојдоа и граѓаните кои имаа закажано термин за сликање во минатиот четврток и петок, денови кога службите не работеа поради надградбата на системот. Од вчера системот функционира и сите граѓани ќе ја добијат соодветната услуга, велат за Алфа од МВР.

Инаку, пасошите кои ќе се издаваат од 1 јули ќе бидат со новото уставно име на државата. А според предвиденото од Законот за јазиците, од истиот период ќе се издаваат и документи на јазиците на етничките заедници.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста