ХАНСИ ФЛИК ЈА ПРЕЗЕЛ ГЕРМАНИЈА И ВО ОКТОМВРИ КАКО СЕЛЕКТОР НА “ПАНЦИРИТЕ“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Досегашниот тренер на Баерн Минхен Ханси Флик е нов германски фудбалски селектор. Тоа за што веќе подогло се зборува, според Билд, веќе се случило и тој веќе потпишал договор со Германската фудбалска федерација и по Европското првенство ќе ја води селекцијата на четири кратниот Светски првак. Флик го наследува Лев кој 15 годни го носеше панцирите,а ќе биде на клупата есенва, на 11 октомври кога Германија ќе допатува во Скопје за мундијалски квалификациски меч.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста