Хамилтон со нова победа на патеката Каталуња

Победничката серија на Луис Хамилтон продолжи и овој викенд, Британецот стигна до четвртиот триумф во низа откако беше најдобар на патеката Каталуња крај Барселона. Зад него завршија Макс Ферстапен со Ред Бул и клупскиот колега Валтери Ботас. Со денешната победа Хамилтон само ја зголеми предноста во генералниот пласман и најави јурши кон рекордот на Михаел Шумахер по бројот на оставрени победи во кариерата. Нова можност за докажуавње чесниците во Ф1  ќе имаат на крајот од месецов за кога е закажана Големата награда на Белгија.