Хамилтон до нова пол позиција на патеката Каталуња

Нова доминација на Луис Хамилтон на патеката Каталуња, каде денеска се возеа квалификациите за ГН на Шпанија. За бранителот на шампионската титула ова е четврта пол позиција сеознава во Формула 1, а покрај него во првиот стартен ред ќе биде клубскиот колега Валтери Ботас, кој имаше второ време на квалификациите. Од вториот ред ќе започнат Макс Ферстапен и Серхио Перез. Утре инаку се вози шестатта трка сеознава во Формула 1 шампионатот, каде лидер во генералниот пласман кај возачите е токму Хамилтон, пред Ферстапен и Ботас.