Хамас: Повеќе од 112 лица се убиени додека чекале ред за хуманитарна помош

Хамас: Повеќе од 112 лица се убиени додека чекале ред за хуманитарна помош

Министерството за здравство на Газа, кое го раководи Хамас, соопшти дека повеќе од 112 луѓе биле убиени во израелски напад, додека чекале во ред за хуманитарна помош.

Нападот се случил на северот на Газа, а палестинските медиуми се повикуваат на медицински извори што велат дека израелските војници пукале во толпата. Ова беше причина Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи итен состанок зад затворени врати. Израелската војска одби да даде изјава за инцидентот.

Бројот на загинати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се искачи на повеќе од 30.000.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста