Халили: На Македонија итно и треба закон за забранети историски имиња

Македонија треба да донесе закон за забранети историски имиња како „Ванчо Михајлов“, поранешниот дипломат, Мухамед Халили, смета дека на Македонија и е итно неопходен ваков закон. Основачот на т.н. културен центар во Битола го отвори без да има одобрение од Министерството за правда,  кое пак не дало амин бидејќи нема регистар за историски имиња.

„Ние немаме закон за забранети имиња, немаме и треба да го имаме, секој држава тоа го има“ – рече Халили во гостување на ТВ21.

Црната дамка во целата посета вели Халили беа изјавите на Јотова која беше децидна дека ако до јуни бугарското малцинство не се најде во македонскиот устав, нема кревање на бугарското вето.

Нејзиното контроверзно објаснување дека македонското малцинството во Бугарија не постои затоа што бугарскиот устав не признава малцинства. Што е важно што признава бугарскиот устав, важно е дека има здруженија, дали се 10, 20 или 50, има таму граѓани кои се декларираат како Македонци. Без оглед што мислиш како Јотова, ти тогаш мора да го признаеш нивното чувство, и тоа воошто не зависи од бугарскиот устав вели Халили.

Македонските политичари воопшто не се во право кога велат дека признавањето на македонското малцинство во Бугарија ќе биде мешање во внатрешната политика смета Халили. Според него, мешање е и доаѓањето на Петков во Битола.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста