Хакирани веб страниците на министерството за здравство и министерството за образование

Хакирани веб станиците на министерствата за здравство и образование и наука.

Пак ние. Овој пат најбедното министерство е наш таргет, Министерството за смрт, овие зборови испишани на црна позадина се појавија вчера на веб страницата на министерството за здравство.

После се’ што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат Министерство за здравство, каде што здравјето и животите на сите тука ни зависат! И покрај сите гневни пораки сега ќе испратиме и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, се вели во текстот постиран на хакираните сајтови.

Интернет страниците на министерствата уште од вчера вечерта се нефункционални, сликата со пораката ја нема, но сепак не можат да се отворат. Од министерствата велат дека нападите се пријавени во полиција, а од МВР соопштија дека работеле на случајот.

Покрај тоа што не работи сајтот на министерството за здравство, не функционираат ниту службените адреси на електронска пошта, меѓу кои и е електронската пошта на министерот Венко Филипче.

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме“, велат во краткото соопштение од Министерството за здравство.

Од здравство соопштија дека привремено комуницираат со јавноста преку новоотворена е-маил адреса.

Македонската група на хакери со име АнонопсМКД се огласија на твитер , велат дека да имало целосен проток на инфомациите  од министерствата туку само на криминални мејлови.

Македонските анонимуси на твитер вчера и завчера информираа дека го пробиле сајтовите на пејачкатите Дуа Липа и Рита Ора.

Ваквата реакција следи по фотографиите што беа објавени на нивните социјалните мрежи за Голема Албанија.

А токму на денот на изборите на 15 јули беше хакнат и генераторот за вести Тајм.мк, одговорноста ја превзема истата група што вчера ги хакираше министерствата. Истиот ден беше прибиен и сајтот на ДИК, кој предизвика хаос за медиумите, но и за граѓаните кои ги следеа резултатите од изборите.Зад тој сајбер напад се уште не се знае кој стои.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста