Хајредини: Школски пример на корупција е продажбата на државното земјиште кај ШИК „Јелак“ во Тетово

-Школски пример на корупција од највисоко до најниско ниво е продажбата на државното земјиште кај поранешниот ШИК “ЈЕЛАК” во Тетово. Не држи објаснувањето на Премиерот Заев, кога вели “нека се гради во Тетово, нека се шири во периферија, доста е во центарот на градот”. Во центарот на градот, г.Заев, Теута и тој пред неа, со помош на Сугарески, исто како и на Попова Шапка, направиле урбицид, пишува на Фејсбук аналитичарот и поранешен функционер Џевдет Хајредини.
ВМРО-ДПМНЕ за продажбата на земјиштето вчера побара итна истрага од ОЈО. Пратеникот од Тетово, Александар Велјаноски, побара ЈО да ги гони премиерот Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.