ХАБИБ НУРМАГОМЕДОВ ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА И ЗАМИНА ВО ПЕНЗИЈА

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ 254 спектаклот во Абу Даби. Дагестанецот за противник го имаше Американецот Џастин Гејџи, кој издржа само до втората рунда. Хабиб со триаголник го загуши Гејџи за 29-та победа од исто толку борби во кариерата. По триумфот се расплака, сеќавајќи се на неговиот татко и ментор кој почина годинава од коронавирусот.„Бог ми даде сè. И ветив на мајка ми дека ова е мојата последна борба. Ова беше сонот на татко ми. Што друго, против кого да се борам? Барам од УФЦ само да ме стават број 1 на „Паунд фор паунд“ рангирањето, јас го заслужувам тоа“, изјави Хабиб по борбата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста