Ѓурчевски за сквернавењето на македонското знаме: ДУИ е подготвена на се, само да се врати на политичка сцена
Интегративците преку црни сценарија за дестабилизицација со инфилтрирање членови на навивачката група Шверцери и луѓе зависници од дрога сакаат да се позиционираат на политичката сцена. Вака дел од експертите за безбедност ги оценуваат случувањата со сквернавењето на македонското знаме на Денот на прославата на албанското знаме. ДУИ не може да се помири дека по 20 години е опозиција, а нивни висок функционер веќе има искуство како да ги искористи Шверцерите за предизвикување на немири и меѓуетнички тензии, коментира поранешниот анчалник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.
Стари инсталации на поранешната власт речиси во сите институции за гонење криминал и безбедност опструираат коментира поранешниот началник. Нивната опструкција се гледа во Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, па и во Обвинителството, додава Ѓурчевски. Тој на Агенцијата за национална безбедност и порача да биде подгвотвена за идни вакви случаи во многу брзо време.
Со газење и кинење на македонското знаме, се славеше денот на албанското знаме во Македонија. Иако 28 ноември не е ниту државен празник, ниту празник на малцинските заедници во земјава, стотици граѓани го прославуваа во повеќе градови со развиорени албански знамиња, пукотници од огнено оружје, навредливи скандирања, но најмногу вознемиреност секако предизвикаа инцидентите со кинење и газење на државното знаме. Од дивеењето се споеделија видеа на социјалните мрежи, по што следуваа бројни реакции и барање на одговорност.