Групата на „Телеграм“ не е во функција , но интимните фотиграфии од тинејџери се уште се на интернет

Кој е виновникот за креирањето на онлајн затворената група со име Јавна собра на социјалната мрежа Телеграм за споделување на  интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови?

Надлежните велат работеле на случајот и дека од Бирото за јавна безбедност била покрената  истрага, а за сторителите ќе биле превземени соодветни мерки.

По откривање на аферата на социјалните мрежи Јавното обвинителство прави напори за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група“, истакна денеска тех.премиер Спасовски, кој апелираше веднаш да се пријавуваат ваквите случаи, за тие како институции  веднаш да постапат, а не да дознаваат од медиумите.

– Според информации што ги добив од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на овој случај, известено е јавното обвинителство и заедно се работи на откривање на администраторот, меѓутоа и на членовите на оваа група… , изјави Спасовски во одговор на новинарско
прашање на денешната пресконфренција во Владата.

Дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ вели дека тие веќе биле во координација со МВР и министерството за образование, но сепак упатија апел до сите родители кои имаат информации дека фотографии од нивните деца биле злоупотребени, да ги известат за тоа.

ако се утврди дека и креаторите на групата се малолетници, центарот за социјална работа во соработка со МВР ќе си постапува во рамки на своите надлежности, а со Министерството за образование сме координирани и тие ќе си постапуваат преку своите стручни тимови во училиштата“, изјави Санела Шкриељ, Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Aко се утврди дека и креаторите на групата се малолетници, центарот за социјална работа во соработка со МВР ќе си постапува во рамки на своите надлежности, а со Министерството за образование сме координирани и тие ќе си постапуваат преку своите стручни тимови во училиштата….. , изјави Санела Шкриељ, Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика.

Групата Јавна соба сега е недостапна, но во неа за само неколку дена бројката на членови стигна до над 7400, а во неа како што велат средношколците кои биле дел во неа, се објавувале и коментирале фотографии од нивни врснички. Дел од фотографиите биле превземени од отворени профили, додека пак останатите  биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на Телеграм при што за секоја слика  се наведува името и презимето на девојчето или градот на живеење.

Оваа група ја згрози јавноста, но и ги исплаши родителите. Голем дел од професорите и наставниците за овој случај велат дека пред очи ни се случувало дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа.

Инаку апликацијата Телеграм е руска верзија на Viber и What’s app.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста