Груби оптимист за датум во декември, Димитров предупредува на ново разочарување, аналитичарите песимисти

На само 10-тина дена до одржувањето на Самитот на Европската Унија, шансите Македонија да добие зелено светло се сведени на минимум. На македонската политичка сцена оптимизмот постепено опаѓа, иако првиот вицепремиер Груби не губи надеж дека Бугарија ќе го трне ветото до 14 декември.  Источниот сосед не покакажува никакви знаци на попуштање а познавачите сметаат дека позитивните очекувања на власта немаат реална основа.

Шансите на 14-ти декември да бидеме искрени се скоро никакви. Значи не само ставот на Радев, она што беше објавено по бугарските медиуми, делот од заедничката програма на големата коалиција дека остануваат на позициите кои ги имаше собранието на Бугарија. Така што ние не можеме да учекуваме поместување на позициите и третиот момент во крајна линија, влада до 14-ти декември тешко дека ќе има во Бугарија вели Донев.

За разлика од Груби кој силно уверува дека Бугарија ќе го отстрани ветото неговиот колега во владата, Никола Димитров многу повнимателен. Порачува – за да не се разочараме, подобро е – да не очекуваме добар исход. Донев резонира дека во изјавите на партнерите во владата немаат логика. Наместо во ист ден се менуваат ставовите, по мудро би било владата да направи план Б. 

Секогаш има алтернативи, проблемот е во Македонија,  тоа што нашиот државен врв упорно одбива да ни каже дека има подготвен план Б или С. Тоа е кај нас пролемот. Почетокот на преговите со ЕУ не значат ништо, затоа што јасно ни кажаа дека проширувањето на ЕУ ќе се случат кога ќе завршат внатрешните реформи. Тие ни поставија дополнителен критериум ни ставија не само на нас и на останатите земји на Западен Балкан вели Донев.

Дека Бугарија цврсто стои на своите ставови покажа и вчерашната средба на претседателот  Румен Радев со францускиот и германскиот колега, Емануел Макрон и Франк-Валтер Штајнмаер. Радев повторил дека Бугарија очекува конкретни резултати во дијалогот со Македонија односно дека земјава мора да преземе конкретни активности за запирање на говорот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, јавните медиуми, да запре со фалсификување на бугарското културно-историско наследство и особено да ги почитува правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет.  И четирите бугарски партии кои се очекува да ја формираат идната владина коалиција најавија дека нема да брзаат со отстранување на ветото. Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на Бугарија и порачува дека доколку  постигнат договор само со Заев, истиот нема да биде почитуван од страна на опозициската партија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста