Грешка или провокација- Еди Рама ја промовира Албанија со слика од Македонија

Ненамерна грешка од незнаење,провокација или присвојување на туѓ локалитет-албанскиот претседател Еди Рама, објави фотографија на својот фејсбук профил од планински водопад на Лешница,кој се наоѓа  во Македонија,а под сликата дал објаснување-‘прекрасна Албанија’.Ова предизвика бурни реакции во јавност.  

Авторот на фотографијата споделена од албанскиот премиер Еди Рама потврди дека станува збор за водопадот од македонскиот кањон Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце.

Младиот планинар Африм Тахирај од Албанија  објаснува како настанала фотографијата.  За радио МОФ раскажал дека има роднини во тетовско Бозовце, кои го поканиле на планинска прошетка пред една недела. Веднаш по посетата, споделил неколку фотографии на својот „Инстаграм“ со кои го пренесува своето воодушевување од местото.

Проблемот вели  настанал кога фотографијата почнала да се споделува без опис. Па, така претпоставува стигнала и до премиерот Рама. Забележува дека е така кога никој не прашува кога ги споделува неговите фотографии.

Со реакција се јави и планинарот Бошко Видоески. Тој апелираше да реагира македонското МНР, но засега нема никаква реакција од таму.

А токму преубавата Лешница, изминативе години доживува вистински масакар со градење на мали хидроцентрали.Токму поради ова екологости,здруженија и планинарски клубови формираа иницијатива со која бараат да запре бетонизирањето на овој предел, но, и итно прогласување на Шар планина за Национален парк.

-Имаме видео снимки каде цела река на долна Лешница ја нема, не постои, такво нешто немало, тоа не е убаво.Ќе бараме што побрзо да се прогласи Шара на национален парк, ќе бараме да се сопрат сите тие активности, да се преиспитаат, да се видат тие елаборати дека не се направени како што треба, изјави Дејан Донев од “Зелен фронт”

Досега на Лешница се изградени 11 мали хидроцентрали, а се планираат уште 15 нови, што ќе значи еколошка катастрофа и непоправлива штета за природата.Од иницијативата “Зелен фронт” како дел од кампањата викендов организираат протестен марш до местото, но најавуваат и други активности за да го спречат екоцидот на Шара.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста