Грција се отвора за Србија – ќе има влез за сите вакцинирани

Грција ги отвара границите за србите со потврда за вакцинација или со негативен PCR тест. Ова е епилогот по денешната средба во Белград меѓу министрите за туризам на Србија и Грција, Татјана Матиќ и Харис Теохарис. Грчката граница најверојатно ќе биде отворена за српските туристи во средината на април, иако сезоната официјално започнува на 14 мај. И додека Србија договара за летната сезона, ние сеуште немаме преговори.

  • Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи во предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Северна Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот за економија.

На состанокот во Белград било договорено да се прифатат руските и кинеските вакцини за српските туристи, а за децата до 10 години да не биде потребен PCR тест. Оние што немаат сертификат за вакцинација на граница ќе треба да покажат негативен PCR тест .

  • Туристичката сезона започнува на 14 мај, односно кога границите ќе се отворат. Постои можност земјите кои се успешни во имунизацијата, како што е Србија, да бидат вклучени во нашиот пилот проект, каде што може да ги ослободиме нивните туристи и во април. Но, тоа зависи од здравствената состојба, изјави Теохарис.

За да се намалат гужвите на граничните премини ќе има обележана зелена лента, на која ќе се праќаат сите вакцинирани туристи. Граѓаните на Србија ќе можат да влезат во Грција преку Македонија и Бугарија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста