Грција загрижена поради зголемувањето на бројот на заразени од коронавирус

Грчките власти се загрижени поради појавата на ново заразени случаи на Ковид-19 во земјата, што се случува во момент кога се подготвуваат за почеток на туристичката сезона. Речиси третина од новите случаи се странски турсисти, се вели во соопштението на грчкото министерството за туризам . Од 15 јуни двата најголеми аеродрома, во Атина и во Солун, ќе почнат да примаат туристи од триесетина држави, главно од Европската Унија, со што и официјално ќе биде отворена туристичката сезона. Допсега Во Грција 182 лица починаа од Ковид-19, а бројот на заразени од почетокот на пандемијата изнесува 3049.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста