Грција врие: Илјадници граѓани на улиците, факели, солзавец и камења

Грчката полиција употреби синоќа солзавец за да ги разбрка демонстрантите што се собраа пред грчкиот парламент. Тие го изразија незадоволството од нацрт-законот со кој се ограничуваат јавните демонстрации. На плоштадот Синтагма можеа да се видат облаци од чад, а како што пренесува Ројтерс, врз полицијата биле фрлени три гасни бомби. Освен во Атина протести беа одржани во 40 други грчки градови и во нив учествуваа околу 10.000 луѓе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста