Границите од денеска отворени без тест и карантин, „Евзони“ затворен за влез во Грција

Целосно се отворени сите гранични премини во државата. Македонските граѓани без тест и карантин од денеска може да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Турција, а кај нас може да влезе странски државјанин без да се тестира и да оди во задолжителна самоизолација.

Македонските државјани може да заминат во Бугарија, Хрватска и Црна Гора, но таму ќе мора да бидат во 14 дневен карантин. Уште од ноќеска раздвижено било на граничните премини. Но и покрај тоа што нашиот граничен премиер кон Грција е отворен, сепак Евзони останува затворен за влез на туристи и патници до 1 јули. Грчките гранични службеници ги враќале назад сите туристи, па дури и оние од Шенген зоната и ЕУ, а за влез во Грција ги насочувале да патуваат преку Бугарија.

И овде на Табановце беше доста раздвижено, бројката на граѓани кои излегне од Македонија и заминале за Косово утрово надмина 2.000.

Граѓаните ја поздравуваат одлуката за отворање на границите, и велат дека едвај чекале за отпатуваат.

На граничниот премин Табановце имаше и граѓани кои пеш ја минаа границата.

Командирот на полицијата од Табановце, Бесим Асани, за Алфа рече дека очекувале голем број на граѓани, со оглед на тоа што над 3 месеци луѓето биле затворени дома.

Службениците кои речиси цел ден го поминуваат на граница, очекуваат бројот на патници драстично да се зголеми.

Од среда целосно ќе бидат отворени за сообраќај и аеродромите во Скопје и Охрид, а во моментов се работат протоколите за работа. Според грчките медиуми, Грција на 1 јули нема да ги отвори аеродромите за девет држави, меѓу кои е и Македонија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста