„ГРАНДЕ ПАНДЕВ“ ВЕТУВА ГОЛЕМИ НЕШТА (ВИДЕО)

Горан Пандев со фантастичен гол ја отвори 17-тата сезона во италијанската Серија А. Капитенот на македонската репрезентација мајсторски го лобуваше голманот на Кротоне во триумфот на Џенова од 4-1. Од 2003-та година па наваму му се нема случено да остане без погодок во Италија, па така, на Пандев му фалат уште само пет за да влезе во клубот 100. А, со „стотка“ ретко кој странец може да се пофали во италијанската фудбалска елита.


(погодокот погледнете го од 50.сек)


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста