Граѓаните затворени, ген- секот на СДСМ си шета- од Беровското езеро порачува сите да останеме дома

Во ек на корона кризата генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски контра препораките на Владата, наместо да остане дома, замина во Берово. А од таму, од преубавото Беровско езеро, порачува сите граѓани да останеле во своите домови со своите семејства. Сепак тој е еден од оние десетици илјади граѓани кои наместо 80 часовниот викенд полициски час да го мине дома, реши да замине од Скопје, иако претходно во објава на Фејсбук повикуваше на друго.

-Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој, напиша Николовски на Фејсбук.

Оваа порака Николовски ја напиша на Фејсбук на четврти јуни, за ден подоцна да објави фотографија на Инстаграм, каде од Беровското езеро ги поздравува граѓаните.

-Совет од другарка ми- Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро, пишува Николовски на Инстаграм.

Одлуката на Владата да стави четири града и уште неколку помали општини под 80 часовен карантин, предизвика незадоволство кај голем број граѓани. Она што уште повеќе чуди е ставот на министерот за здравство Филипче. Тој вели ги ставиле градовите под карантин, иако знаеле дека луѓето ќе заминат во туристичките места низ Македонија.

-Колкав и број на граѓани да заминуваат, а секако во продолжен викенд се очекува да се испразнат големите места, да се наполнат туристичките, изјави вчера Филипче.

Фотографијата на Николовски предизвика бура реакции на Инстаграм. Во еден од коментарите „А на Фејсбук пишуваш дека дома ќе го поминеш викендов… друг пат кога лажеш, пази што си кажал“.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста