Граѓаните се пожалија дека се задушени од политика, сакаат насмевки на лицата

Дома, во кругот на семејството и со најблиските, вака најголемиот дел од граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2020-та. Во овие денови на празнување, сакале малку да здивнат од политика, зашто како што велат, задушени биле од политичките случувања, кои на виделина не донеле ништо позитивно, освен меѓусебни караници.

Граѓаните пред камерата на Алфа се пожалија дека ги нема тие времиња кога се гледале насмевки на лицата.

– Се задушивме од политика, ова е страшно. Дајте бе луѓе малку забава, култура, ништо нема по телевизиите освен политички актуелности. Па ние како луѓе се испокаравме едни со други кога ќе почне да се расправаме за политика, се пожалија граѓаните.

Добар дел од граѓаните велат дека ќе прослават во домашна атмосфера, со најблиските и пријателите.

– За дочек ќе останеме дома, фамилијарно со сите, велат граѓаните.

А предновогодишно граѓаните се пожалија на скапотијата. Велат дека џебот не може да им дозволи да се опуштаат колку што сакаат, зашто цените пораснале неколку пати.

– Многу поскапи цени пред празниците. Не можеме со 200 евра да си дозволиме да купиме се, народот нема леб да јаде, а камо ли да си дозволи да се опушти повеќе од што сака, се жалат дел од граѓаните.

Во меѓу време, од политичките кругови, премиерот во заминување ќе отпатува за Германија. Заев за новогодишните празници ќе одмора три дена и ќе ги мине во кругот на семејството. Првиот опозиционер, пак за Нова година ќе биде во Скопје. Мицкоски откри дека на 31-ви декември ќе прослави во домашна атмосфера со семејството и пријателите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста