Граѓаните лути поради неисполнетото ветување за парк на местото на дивата депонија во Ѓ.Петров

За сега ништо од ветеното зеленило во атарот на Ново село каде што долго време дивата депонија се полни со отпад. Површината од околу 15 фудбалски игралишта, на што зимоска се потрошија 10 милиони денари за расчистување, останува претоварна станица за смет.

Наместо парк, како што смируваа локалните власти, на дивата депонија во Ѓорче Петров и понатаму има отпад. Граѓаните лути, велат дека Општината не ги исполнила своите ветувања.

Жителите на Ново село и околните места обвинуваат дека сметот не се чисти, туку само се покрива со земја.

Пред повеќе од 40 дена од Општината ветуваа дека оваа повришина, за месец до два, ќе се вика парк а не депонија. Локалните власти тврдат дека расчистувањето на депонијата е во тек, а жителите нетрпеливи, се плашат дека ова е уште едно ветување кое нема да го исполнат.

ТЕЛОП Општина Ѓорче Петров

Досега, исчистена е речиси 70 проценти од површината. Според динамиката, и доколку дозволат условите, очекуваме после средината на овој месец, конечно да го решиме овој затекнат 12-годишен проблем. Апелираме на уште малку  трпение кај граѓаните.

На жителите им останува да се надеваат дека по извесно време,на оваа локација ќе има парк, како што ветуваат властите.

Адријана Алексиеска