Граѓаните беа виновни оти не беа послушни за ширење на заразата, сега се виновни оти не одат навреме на лекар

Кадија ти суди, кадија те тужи – за зголемената смртност од коронавирусот во земјава здравствените власти прстот го вперуваат во граѓаните и нивната свест, со образложение дека граѓаните доаѓале предоцна на лекар, а некои не се ни  консултирале со нив. Претходно бевме виновни оти не се држевме до мерките. За дел од граѓаните пак, лошите и ненавремени мерки  и неподготвноста на здравствениот систем не соочиле со лошото корона  сценарио. Доктор Ирина Сотирова Бухова, големиот број на починати од Kовид 19 го правда – дека сите смртни случаи па дури и од сообраќајќи истовремено  позитивни на ковид  се бројат во ковид починати без разлика на причината.

“Овде влегуваат и починати од малигни заболувања кои биле во терминална фаза. Кои да, се позитивни,меѓутоа основна причина за смрт не може да се смета дека е корона.Спаѓаат починати и од кардиоваскуларни заболувања во оваа бројка влегуваат и починати од сообраќајки. Кои на барање на јавен обвинител се бара пост-мортен тест, така да епидемиолозите веќе разработуваат модел каде ќе бидат претставени починатите кои се позитивни на корона.”

Ова е смешно оправдување смета микробиологот Никола Пановски.

“Што ако на ХИВ позитивен здрав човек – да доживее сообраќајка ќе пишат дека умрел од СИДА ? Гледајте кој е парадоксот и колку смешно изгледа, па ќе кажам од ХИВ позитивен, не знаел, не знам зошто и му направиле анализи на крвта и гледа дека има во себе антитела на СИДА и да прогласат дека умрел од СИДА ? А он да речеме, му паднала саксија врз глава?! Тоа е спортивно на протоколот од СЗО , за насилна смрт да се пишува дека умрел од Ковид. А зошто се прават постмортем тестови не ми е јасно? Не ми е јасно што е целта да имаме повеќе починати ? – прашува микробиологот Никола Пановски.

Микорбиологот Пановски, меѓудугото посочи дека бидејќи политиката се вмеша во науката – затоа во Македонија има толку многу новозаразени.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста