Граѓани во државен карантин со часови чекаа ИЈЗ да им дозволи да си заминат

Најмалку 60 автомобили и голема група граѓани утрината повеќе од 4 часа чекаа  пред хотелот „Ибис“ да ги земат своите блиски на кои им заврши 14-дневниот карантин.

Од Институтот за Јавно здравје доцнеа , иако им ветиле во петокот, дека навреме ќе стигнат, за да ги отпуштат од 14-дневниот карантин.. Револтирани беа граѓани во хотелот, но и нивните роднините, кои надвор ги чекаа со часови .. Лути, особено затоа, што во карантинот има и деца, кои гладни и нетрпеливи, чекаа да бидат испишани…

Никој не може да излезе од карантинот, без потпис од надлежните од ИЈЗ. За празникот требаше да бидеме дома, но наместо тоа, денот ни минува во нервози и чекање, велат дел од граѓаните.

  • Од хотелот се однесуваат коректно, од нивна страна се е средено уште во 10 часот, а  ИЈЗ уште од петокот се информирани дека треба да дојдат во 10 часот, нив никаде ги нема. Доле пред хотел чекаат 50-60 коли кои не чекаат од 10 часот и се изреволтирани така да, јас незнам оваа држава каква држава е – вели  Блажо Стојков-граѓанин сместен во карантинот Ибис.

Над три илјади македонски граѓани, досега се вратени во земјава, од повеќе од 13 земји во Европа и светот. Сите при пристигнувањето потпишуваат изјава дека ќе поминат 14 дена во задолжителниот државен карантин.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста