Граѓаните загрижени – на што ќе се грејат ако има рестрикции?

Парно, струја, дрва, плин. Со што најевтино граѓаните ќе го затоплат домот, по најавите дека не очекува тешка зима со високи сметки за струја и можни рестрикции. Опции има повеќе, но по се изгледа дека дрвата се најсигурната опција, зашто освен плинот се е поврзано на струја. Енергетската криза која ни е пред врата создава неизвесност кај граѓаните и оправдано, со оглед на фактот дека струјата како енергенс е клучен во греењето. Оти таа е потребна и доколку се греете на топлификација, со инвертери, или со термо печки или греалки. Граѓаните сакаат да штедат и да се греат економично. Но загрижени се дека тоа годинава ќе ги чини многу поскапо.

Претстојниот струен ценовен шок и предупредувањата за можни рестрикции создаваат вознемиреност во јавноста. Надлежните смируваат дека состојбата е под контрола, но гаранциите за ова важат до Нова Година, а за понатаму никој не прогнозира ништо. Во вакви услови оправдани се дилемите што доколку струјата драстично поскапе, а уште пострашно, ако истата ја нема доволно.

Рационалното размислување се повеќе ги тера граѓаните да одбираат греење со кое ќе ги намалат трошоците. Таква можност овозможуваат инвертер клима уредите, заради економичниот систем на загревање. Дел од граѓаните дури се откажуваат од парното греење, за да се топлат на струја. Велат клима инвертерите биле најисплатливи.

Алфа направи обиколка низ повеќе складишта, од каде велат дека граѓаните од ден на ден се потешко успеваат да обезедат дрва, а од ден на ден се зголемува и цената за еден кубик. Тие веќе достигнуваат и до 3.600 денари за кубен метар, без разлика дали станува збор за бука или дабови дрва. Во складиштата на Македонски шуми цената е нешто поевтина, но и таму е проблем да се најде. И ако веќе се обезбедат, на ова ако се додаде и вредноста за транспорт и сечењето, цената доплнително расте. Во продавниците за бела техника грејни тела има, но периодов не биле многу побарувани.

А што велат пресметките. За загревање на стан од 60 м2 со електрични уреди како греалки, калорифери, панели на струја, би се потрошиле околу 4.500 до 5.000 денари месечно, а за цела грејна сезона близу 500 евра. Но сега трошоците сигурно ќе бидат повисоки.  За да се ублажи енергетскиот ударм од РКЕ велат дека радијаторите ќе почнат да се стоплуваат уште од три часот изутрина и дека ова нема да ги зголеми сметките за парно.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста