Граѓаните се помалку веруваат во ЕУ-Османи не се согласува

Анкетите на Барометар кои покажуваат дека опаѓа довербата на македонските граѓани во Европската Унија не е изненадување за дел од аналитичарите. Во испитувањето на јавното мислење  спроведено од Балкан Барометар 21 на Регионалниот совет за соработка, кооснован од ЕУ ,стои дека поддршката за пристапување во Европската унија во Македонија падна на 53 отсто, таа никогаш не била под 70%. Поранешниот амбасадор на Македонија во Лондон, Донев вели дека Македонија многу вложила за да ги добие простапните приговори, а не добила речиси ништо.

Наспроти истражувањата, министерот за надворешни работи, Османи вели довербата кон ЕУ во Македонија била огромна. Анкетите на министерството покажувале бројки кои не се ни приближни на оние од Барометар.

Иако анкетите на дел од институтите покажуваат едни бројки, а истражувањата на минситерстовто други, аналитичарите посочуваат дека Македонија не треба да се откажува од ЕУ. Донев вели дека македонската влада треба да реализира повеќе билатерални соработки со други земји, како што прават Албанија и Србија, а не само да чекаат пристапни преговори.

Иако според инфорациите на Барометар довербата на македонските граѓани кон ЕУ опаѓа, сепак според анкетата на Брима Галуп и понатаму, македонскито народ не гледа друга алтернатива освен влез во европското семејство. На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста