НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните се подготвуваат за летен одмор, Грција останува најпосакувана дестинација

Рестрикциите се олабавуваат во сите држави, Македонците се подготвуваат за летување. Грција останува најпосакувана локација за македонските граѓани, пред Турција и Албанија. Туристичките работници велат, дека ништо не се сменило во навиките за летување на македонските граѓани од пред почетокот на епидемијата.

  • Грција секако е најпобарувана, доколку протоколите останат онака како што се најавени, освен Грција, Црна Гора и Албанија..-рече АНГЕЛ ИВАНОВ-ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА „BALKAN FUN “

Се бараат подолги одмори за разлика од порано, најмалку десетина дена велат од агенциите. Има и благо покачување на цените поради протоколите и капицитетите на исполнетост. 

Во Грција од петокот, македонците може да влезат со потврда за вакцинација или негативен ПСР-тест. Покрај Грција, македонските државјани со речиси исти пртоколи ќе можат да пауваат во Хрватска  и во Бугарија. Граѓаните од третите земји во Хрватска ќе можат да влезат со потврда за уплатено сместување и негативен ПЦР тест или брз антиген не постар од 48 часа. Турција од вчера без ПЦР тест ја отвори границата за некои земји, но не и за Македонија. Македонските туристи единствено без услови добредојдени се само во Албанија, БиХ и Црна Гора. Агенциите со очекувања за целосно скратување на рестрикциите, велат не сакаме да размислуваме на спротивното.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста