Граѓаните на Кочани се жалат дека фабриката „ПЕЈПЕР МИЛ“ и натаму ги труе

Затворени во сопствените домови, вака во една реченица би можел да се опише живот на околу 5.000 граѓани кои живеат во близина на фабриката “Пејпер мил” во Кoчани. Црниот чад и смог  се нивно секојдневие.

 „Очите лутат, ми течат солзи, ме гуши. Не само мене , туку и моите три внуки. Сабајле околу 6.30 беше црно, црно и мирисаше многу.Тој што мисли дека е добро нека дојде овде да живее. Ќе му дадам стан, храна, се само да виде како се живее овде. Тоа вчера беше неверојатно.(мажот) Фабриката и претходно работеше, ама не е било вака. Сега е многу страшно за да се живее овде..„ – револтирано реагираат жителите на населбата Атомски згради. 

Три дена Кочани е меѓу првите градови  по загаденост, а во неделата го достигна пикот. 

Кочанчани сметаат  дека во вечерните часови после 20 часот и за време на викендите загаденоста во градот е најголема.Еко активистите се сомневаат дека фабриката не го почитува решението на државниот инспекторат со кое им се наложи наместо пелети, да користат метан.      

„Но Овие четири дена како што имате приметено на дијаграмите Кочани пак се појвува како најзагадени општини во државата. Тие не се единствен загадувач, но дека се најголем е евидентно  врз основа на сите параметри кои ги имавме во деновите кога работеа  и сега кога работат„ – изјави Зоран Тодоров, екоактивист.

Фабриката претходно работела на метан , но најверојатно поради финасиски придобивки производството е префрлено на пелети. Еко активистите објаснуваат дека е потребно да се постават дополните мерни станици за да се увиде реалната бројка на штетни емисии во воздухот.

Коментар за тврдењата на еко активистите побаравме и од фабриката,но одговор до овие вести не добивме. Од инспекторатот за животна средина објаснуваат дека од фабриката добиле известување дека се направени одредени промени, односно вовеле озонирање за намалување на јаглеродниот моноксид. Утре ќе се изврши мерење од акредитирана лабараторија, по што ќе се знае какви мерки ќе бидат преземени..

Со последниот контролен инспекциски надзор од Државниот инспекторат беше утврдено дека фабриката за хартија “Пејпер мил” емитувала во воздухот ПМ честички и јаглероден моноксид повеќе од дозволеното. Фабриката доби забрана да користи пелети се додека не се направи прилагодување на опремата за прочистување на воздухот што фабриката веќе ја користи. Досегашните мерења на гасови ги правела лабараторија што не била акредитирана за таа постапка. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста