Граѓаните лути: Власти доцни со најави за рефундирање на парите што плаќаме за документи со „северна“!

Граѓаните лути: Власти доцни со најави за рефундирање на парите што плаќаме за документи со „северна“!

По свадба – тапани. Граѓаните не веруваат дека парите од менувањето на личните документи кои се влееја во држаната каса, ќе се вратат во нивните џебови, како што последно најави Владата. Требаа да мислат на време, трошокот да не падне врз народот, реагираат пред камерата на Алфа. Министерот за надворешни работи вели се размислува истрошените средства за вадење нови документи и покрај тоа што старите не се истечени, да им се рефундираат на граѓаните, и тоа им текна сега, предизборно, иако луѓето уште пред неколку месеци реагираа дека ваков, не по нивна вина -трошок, туку под апсолутна одговорност на власта, требаше државата од старт да го покрие.

Грција дури испратила и известување до другите држави дека по 12 февруари патните исправи на македонските граѓани нема да важат.

Можноста за враќање на парите на граѓаните доаѓа во време на техничка влада, и на помалку од три месеци до претседателските и парламентарните избори.

Влада од декември минатата година активараше цел сет на мерки, предизборно, во очаен обид да привлече макар еден глас плус. Тука е шест месечниот пакет антикризни мерки  кој опфаќа само 180 илјади пензионери од над 330 илјади во Македонија кои добива од 1500-3000 денари месечно. Во истите мерки, се одвоија пари за превоз за студентите кои не живеат во градот во кој студираат, помош за учениците кои доаѓаат од сиромашни семејства, што ќе важи само до април – иако голем дел од децата воопшто не добиле иако имаат поднесено документи. Дел од пакетот се и поволни кредити за компаниите преку Европската инвестициска банка и Развојната банка, кои и претходно беа достапни за оние кои се квалификуваат.

Бидејќи е јасно дека и овие предизборни умилкувања на власта нема да вродат плод, раководството на ДУИ веднаш употребува националистичка реторика. Па првиот човек, во последниот јавен настап не заборави да нагласи дека „без Албанците, оваа земја ниту имала иднина, ниту постоење“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста