Граѓаните бесни на покачените функционерски плати

Граѓаните бесни на покачените функционерски плати

Предлогот на СДСМ да се стопира растот на функционерските плати, а да се задржи неверојатното покачување од безмалку 80 проценти е крајно потценувачки. Граѓаните револтирани велат недозволиво е да има толку голема разлика помеѓу просечните плати и пензии и примањата на функционерите.

Вицепремиерката Грковска се обидува да ги оправда законски измени иако признава дека разликата меѓу просечната плата и функционерската е некоректна.

  • „Убедени сме по сите консултации дека преставува уставна рамка, дека нема повторно да се доведеме во ситуација Уставниот суд да го укине донесеното решение, затоа што сметам дека е некоректно толкава голема разлика, без разлика на ингиренциите и одговорностите што ги имаме, имајќи ги предвид условите во кои што живееме.“- Изјави вицепремиерката за политики на добро владеење и управување.

Дополнително јавноста зовре откако Османи неодамна јавно се пожали, оти, ако еден месец не ја земе земе платата од 2000 евра, ќе морал да се задолжи за да го преживее месецот. Неговите поплаки се повод за шегување, па дури и се ставаат донаторски кутии во продавници за да му се помогне на министерот да преживее.

Во меѓувреме синдикатите обелоденија дека покрај зголемените плати, функционерите во Македонија ќе добијат и регрес за годишен одмор за три години.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста