Граѓаните бесни, автобусите во Скопје постојано доцнат и возат без клими

Граѓаните бесни, автобусите во Скопје постојано доцнат и возат без клими

степени и по половина час.  Не можат навреме да стигнат на работа, на лекар и да си ги зваршат своите обврски.  

Дополнително како што велат Скопјани внатре во автобусите има неподнослива гужва и е пеколно топло, зошто климите не работат.

Од Градот Скопје вината за хасот со градскиот сообраќај не ја лоцираат кај себе,  туку во Советот. Повторно ги обвинија советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека го кочеле процесот на набавка на нови еколошки автобуси.

За седницата на Совет на 16 јули 2024 година, по 21 пат е доставена предлог одука за нови еколошки автобуси до советниците од ВМРО ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје. Досега според програмата требаше да се набавуваат секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат и да се испорачаат до крај на мандатот 250 автобуси“, велат од Град Скопје.

На ова жестоко реагираше претседателот на Советот, Трајко Славески според кого градоначалничката Арсовска ги извртува работите и испушта да каже важни детали за да се разјасни што точно се случувало во Советот.

Пропуштаат да ја известат јавноста дека при утврдување на дневниот ред за седницата предлог-Одлуката беше предложена како дополнителна точка од дневниот ред. Во ваков случај, за да се прифати некој предлог за изменување и дополнување на дневниот ред е потребно позитивно да се изјаснат мнозинство од присутните советници во салата. При гласањето овој предлог доби поддршка од само 7 членови на Совет на град Скопје. Некаде во втората половина од минатата година Арсовска најави дека во буџетот на град Скопје за 2024 година ќе предложи одредена ставка за набавка на нови автобуси за ЈСП – Скопје. Таков предлог изостана. Убеден сум дека членовите на Совет ќе дадеа поддршка за набавка на автобуси со средства од буџетот“, вели Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје:.

Дали ЈСП ќе направи нешто за автобусите да бидат редовни и климите среде лето да проработат, одговор од претпријатието не добивме.

По инцидентот кај Мавровка, синдикатот во јавност алармираше дека се возат неисправи автобуси. Инаку уште пред да се случи несреќата вработени во ЈСП  им посочиле на надлежните за проблемите со кои се соочуваат, но ништо не е преземено.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )