Градоначалникот на Свети Николе и натаму на ставот дека не смее да се гради регионална депонија кај Мечкуевци

Светиниколскиот градоначалник цврсто останува на ставот дека кај село Мечкуевци не треба да се гради регионалната депонија на која ќе се собира отпадот од 18-те општини,со можност да се приклучи и градот Велес. И на последната седница на Источно планскиот регион на која беше формиран меѓуопштински одбор за управување на отпадот од источниот и североисточниот регион, тој го пренесе ставот на својте сограѓани и еко активистите дека се против  нејзина изградба.

Јасно кажав дека јас како градоначалник се иземам од сите работи и членство во ова претпријатие. Во наредниот период откако ќе помине на Совет, формално ќе излезе од овој проектот за регионална депонија„-рече Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.

За претседателот на ИПР штипскиот градоначалник проектот-изградба на регионална депонија мора да се финализира. Одлуката на неговиот колега Владев не сакаше да ја коментира..

   „Ова ќе значи враќање на постапката наназад, што нас како регион во никој случај не ни одговара .Мислам дека ова прашање треба да се решава на повисоко ниво. Одлуката е донесена, локацијата треба да биде во Мечкуевци. НИе како ИПР донесовме одлука за формирање на јавно претпријатие кое ќе управува со овој отпад „-рече Иван Јорданов, претседател на ИПР.

Свети Николе не се против реализација на проектот. За нив единствен проблем  е локацијата. За да не се прави штета по здравјето на граѓаните истата треба да се дислоцира. Последна опција за спас на еколошко-чистото подрачје гледаат во распишување на референдум.

 „Има места на територијата на Свети Николе каде не се засега животот, работата на земјоделците. Има пусти места кои што се во близина на патот Штип-Велес каде би можела да се дислоцира таа депонија и не би имало никаква штета ни по здравјето и работата на граѓаните„-изјави Дејан Владев

Изградбата на регионална депонија чини 40милиони евра неповратни средства од ЕУ и треба да го реши проблемот со отпадот на околу 370илјади жители. Проектот е стар една деценија но општините се натегаа за локацијата каде да се формира дали во близина на Куманово или Свети Николе.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста