Градоначалникот на Ново Село се придружи на протестот на еко активистите против изградба на лаеарница во Општината
„Не дозволуваме леарница на алуминиум во нашата општина„ порачаа еко активистите од струмичко Ново Село, кои денеска протестираа пред општинската зграда. На самиот протест им се придружи и градоначалникот, кој им порача дека ќе тој ќе биде првиот и ќе го поведе народот доколку се утврди дека објектот откако ќе почне да работи, ќе загадува.
- „Јас како млад човек,после почнуваањето на фабриката доколку постои било какво отстапување или загадување дури од една јота , јас како млад човек ќе ги предводам граѓаните и истиот објект ќе го разградиме. Доколку го погледнеме објектот во воздушна линија се гледа и мојата семејна куќа и не би дозволил било какво загадување„ изјави Ѓорѓе Божинов, градоначалник на Ново Село
Еко активистите, тврдат, дека изградбата на ваква фабрика во близина на реката и изворите за вода во Ново Село, ќе бидат погубни за Струмичката котлина.
- „Ова е последен предупредувачки момент . Сакаме на јавноста уште еднашка да и ја свртеме вниманието, за огромните опасности што ќе ги предизвика изградбата и ставањето во функција на таквата леарницаи тополницата„ изјави Костадин Ристоманов, од Здружението Здрава котлина.
- „Ќе дадеме апел кон политичарите, дали тоа се локални или државни. Да ги разгледат законите и ако е во ред да се граде, а ако не е да се прекине„ изјави Ристо Вучков, земјоделец од струмичкото село.
Еко активистите на денешниот протест изведоа и перформанс со кој упатија порака дека изградбата на леарница и рудници, ќе значи смрт за Струмичката котлина. Реагираат дека од страна на градоначалникот им бил забрането да направат увид во целата документација поврзана со изградбата на спорниот објект.
- „Сакаме да знаеме што конкретно има во нивните документи. Односно барааме градежна дозвола и го бараме елаборатот за животна средина„ изјави Стојан Велков , еко активист.
Градоначалникот ги отфрли обвинувањета на еко активистите дека не им дозволил да извршат увид во документацијатата.
- „Согласно увидот на терен, кога дојдоа експертите, заедно бевме тие констатираа дека ниту во моментот, ниту по приложената документација таа фабриката не е ризик по животната средина“ рече Божиновски.
Дозвола за градба за овој објект е издадена во август 2023, а со работа треба да започне кон крајот на годината. Инвестициијата е околу 3,5милиони евра. Во рамки на објектот ќе има три фабрики. Едната за преработка на алуминиум, другата за дробење и склад.
Александра Ристевска