Градоначалниците од кочанско со поддршка за оризопроизводителите

Откако премиерот и министерот не собраа храброст да се појават на вчерашните барикади, денес Иницијативниот одбор за спас на оризот на итен состанок со градоначалниците на општините во кои белото злато е стратешка култура. Од нив бараат логистичка поддржка и да им помогнат  да најдат излез од кризата во која се наоѓаат. Иако исплатата на субвенциите, зголемувањето на откупната цена не се во  надлежност на општините, градоначалниците  на Карбинци, Зрновци, Кочани и Чешиново-Облешево со заеднички став, дека власта мора да помогне, бидејќи намалувањето на површините посеани со ориз  би значело и економски крах за овие општини, сметаат градоначалниците.

  „Апелирам власта да најде решение да престане со своето луксузирање. Мислам дека производителите на храна пред новата производна реколта се засегнати со реални проблеми и имат дилеми дали да продолжат со одгледување на ориз„-изјави Далибор Ангелов, градоначалник на Чешиново-Облешево. ..

Ниската откупна цена од само 17денари направи оваа култура да не биде рентабилна. Илјадници семејства во регионот одвај врзуваат крај со крај.

  „Видете ми ми стигна 8000денари за струја, а минатиот месец сметката ми беше 2000. Сега ја платив, а наредниот месец од што ќе живеам е прашање. Ова е жалосно, како што е тргнала работата ќе немаме храна. Со жена ми дојдовме од Словенија, купивме земја, трактори ама оризот не оди и наредната недела пак се враќаме во Словенија„-изјавија вчера оризопроизводителите кои цели четири часа ја блокираа едната коловозна лента од магистралниот пат штип-Кочани.

Вчера министерот се пофали ддека белото злато им е во фокусот и субвенциите се големени за 300%, но според оризопроизводителите тоа е чист популизам бидејќи тие се на работ на егзистенцијата. 

Александра Ристевска