Градоначалници и граѓани на тема „Загадување“ : Исти ветувања наспроти разочараност и секојдневно гушење

Густа магла и маскирани лица –  граѓаните се штитат од корона вирусот но и од енормното аерозагадување. Македонските граѓани  и оваа година се гушеа од отвровниот воздух, кој само повремениот ветер, го симнуваше под дозволената граница. И во 2020-та , никој не успеа да ја помести  Македонија од самиот врв на светската листа на   земји со најконтаминиран воздух.

И Скопје, одлично се држеше , во силната конкуренција со Њу Делхи, Лахоре, Калкута, Џака, Милано, Приштина – остана при самиот врв на листата на најзагадени градови на глобално ниво.Загадувањето урива рекорди, но локалните власти како да дишат планински воздух.

Алфа писмено се обрати до сите скопски општини – што конкретно направиле во последните 12 месеци, за да го спречат црнилото на еколошки план.. Одговор добивме од само шест општини. Центар, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сопиште. Заедничко за сите, е дека преземаат активности, мијат улици, посадуваат зелени површини,  чистат депонии, дури и инспекторите постојано биле на терен и ги санкционирале сите непочотувања.

Скопјани сепак, не успеаа да видат ефективен резултат од ангажираноста на локалните власти, мерните станици на ПМ10-честички не престанаа да  регистрираат црвена зона. 

Граѓаните по социјалните мрежи не престанаа секојдневно си го бараат основното човечко право – да дишат чист воздух .

Овие нашите политичари се прашувам каде живеат? Па толку се игнорантни спрема овој проблем.

Отруени сме од смог, не се дише.

Па молчиме и они си тераат… – пишуваат граѓани на социјалните мрежи. Адријана прилог декември

Ситуацијата не беше многу поразлична ниту во останатите градови.Во Струмица беа измерени  опасни 300 микрограми. Магловито и загадено беше и во Кавадарци, Куманово, Гостивар, Велес, Свети Николе… Загрижувачка е состојбата и во Тетово.

Тетовци  барем, не очекуваат од властите дека ќе преземат некакви мерки. Сами ќе се пазат, оти надлежните велат, не ги интересира.

Еко-активистите гласни но има ли кој да ги слушне. Во секоја прилика во текот на целата година укажуваат за неподносливото загадување и итните мерки кои треба веднаш да се преземат.

Не е добро да се остават граѓаните во толкаво загадување во време на пандемија.Било какви болести со дишните патишта можат да завршат со Ковид.Затоа централните и локалните власти треба да се покажат одговорни и одлучни – вели Аријанит Џафери-“Еко герила”.

И додека луѓето дишат загаден воздух, Собранието ги одби речиси сите амандмани на О2 иницијатива ПРИ распределба на буџетот. Само 1,3 милиони евра беа одвоени за борба против аерозагадувањето..

И по сите аларми локалните и државните власти мирно спијат. Загадениот воздух како да не стасал до нив. Премирот Заев најави дека во буџетот за 2020  година се предвидени 100 милиони денари за борба против аерозагадувањето. Дополнително, тој рече дека од ЕСМ ќе бидат обезбедени 10 милиони евра за субвенции за инвертори, без да се пресметаат посебни буџети кои ги имаат предвидено министерствата.. Планови и најави имаше, но реализацијата граѓаните не ја видоа. Ниту еко-активистите. Ќе дочекаат ли македонските граѓани апликацијата Мој воздух да им покажува Воздухот е чист – земи длабок здив?

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста