Градителите на џамијата во Злокуќани не се појавиле на средба со градоначалникот Јакимовски
Одговорните што ја градат џамијата во скопско Злокуќани не се појавиле на средба во Општина Карпош утрово. Инспекциската служба од општината во саботата извршиле контрола и тогаш градежните активности биле прекинати. Инспекторатот им даде рок од 15 дена за доброволно да го отстранат нелегалниот објект, а одговорните лица да дојдат на средба во општината, но тие не се појавиле.
Жителите со кои Алфа разговараше велат дека на Божиќ утрото ја забележале дивоизградената џамија и минарето. Објктот веќе функционирал како џамија и се одржувале верски обреди, сведочат граѓаните. Освен џамијата, жителите кои се староседелци сведочат дека и куќите во кои живеат новодојдените биле градени на диво, најинтензивно за време на изборите. Градоначалникот Стефче Јакимовски тврди дека изградбата е стопирана од страна на инспекторатот.
Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам велат од општината. Од Исламската верска заедница најавија одговор кога одговорното лице за тој регион ќе се врати од пат.