Градежништвото тоне, бизнисмените бараат итна помош од државата за да се избегнат катасрофални последици

Ако градежниците не добијат сериозна државна помош, градежништвото – кое беше моторот на економијата ќе го достигне дното, алармираат бизнисмените. Покрај мерките од четвртиот пакет тие бараат дополнителна финасиска помош за секторот, зашто годинава ќе ја завршеле со сериозен пат, но најавуваат и сериозни проблеми за 2021.

  • Државата да се заземе за поголема реализација на капиралните инвестиции посебно да се надминат проблемите меѓу јавните претпријатија и општините, но и да продолжат мерките на помош за плати на вработените, администрацијата да биде пофлексибилана и да се обезбеди помош за извозните компании. Очекуваме да се направат и нови мерки на субвенционирање во опрема, актуелни софтвери кои се бараат во ЕУ и се скапи за нашите компании. Ние сме на услуга на државата да ни помогне да ги креира сите услови за да можеме да бидеме ангажирани, рече претседателот на Здружението на градежници, Андера Серафимовски.

Градежниците бараат да се донесат и нови пакет мерки до крајот на годината.

  • Крајот на годината не е оптимистички за нас, иако не е директно загрозен овој сектор на економијата, но компаниите многу изгубија поради одлагањата на почетокот од годината поради ковид-кризата, рече тој.

Освен финансиска помош, градежниците бараат да има измени во условите на тендерите за да можат да учествуваат и да бидат главни, а не подизведувачи како до сега.

И покрај најавите дека градежништвото до крајот на годината ќе бележи огромни загуби, министерот за транспорт, пак, се правда дека имало и позагрозени сектори од градежништвото, но вели, ќе биле разгледани нивните барања.

  • Многу важно е што ние како институции и компанииите во овој сектор треба да работиме на билдање на капацитетит.е Ние како држава да направиме промени во однос на динамиката и темпото на капиталните инвестиции, а компаниите да продолжат со подобрување на капацитетите за да можат да одговорат на барањата како во земјата, така и востранство, рече Бочварски.

Дека секторот бележи загуби, доказ е изградбата на автопатот Кичево-Охрид кој повторно ќе доцни. Крајниот рок кој истекува догодина сигурно ќе биде пробиен.

Сериозен пад имаат и капиталните инвестиции. За само 9 месеци реализирани се едвај 44%. Министерот се правда – годината се уште не била завршена.

  • За среќа, градежниот сектор не е од најпогодените сектори. Имаме сектори коишто навистина трпат големи загуби, но секако дека овие мерки коишто се дел од четвртиот пакет ги опфаќаат и градежните компании и се добро прифатени бидејќи се добро димензионирани во согласност со барањата на коморите. Секоја компанија може да ги користи од аспект на пребродување на оваа состојба, рече Бочварски.

Критики за реализацијата на капиталните инвестиции стигнаа и од Европската Комисија. Во последниот извештај, стои дека Владата лошо менаџира и бавно ги завршува проектите што ги започнува.
Капиталните инвестиции како и секоја година се кратат со ребаланс на буџетот. Првичните 420 милиони се намалија на само 300 милиони евра. Сега се скратија пари за изградба на првата делница на пругата кон Бугарија. И додека голем дел од проектите тапкаат во место, компаниите бараат надлежните да ги тргнат мораториумите за градење, за колку толку да се ублажи ударот.

Борис Грујоски