Град Скопје за 4 години има 8,5 пати поголем долг сега, Шилегов се правда се трошело на капитални проекти

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов го задолжил градот за 8 ипол пати повеќе за 4 години, отколку што беше во времето на Коце Трајановски, обвинува опозицијата. На што биле потрошени парите Шилегов не кажа, само рече дека тоа биле јавни пари и можел секој да види на што се трошат. Се правда дека градските власти трошеле на капитални проекти, иако граѓаните никако да ги видат. Ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека биле неписмени, и дека не знаеле да ги читаат сумите.

Јавноста прашува дали буџетските пари завршиле во тендери и набавки на двојно или тројно претплатени стоки, но и за тоа Шилегов не кажа.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, обвини дека Петре Шилегов бил единствениот градоначалник кој немал започнато ни еден капитален проект во својот мандат.

  • И Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо. Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо. Град Скопје има 4 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години. Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот? велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека се троши недомаќински покажува и извештајот од јавните набавки каде пишува дека Град Скопје набавува улични чешми од 1.500 евра, на што реагираат од опозицијата.

  • Клупата во вредност од 500 евра е помало изненадување од јавната набавка на чешми за вода во вредност од 1.500 евра. Градоначалниците на Скопје на чело со Шилегов склучуваат договори за јавни набавки во кои цените на иста урбана опрема, со иста тендерска спецификација варираат од година во година, изјави портпаролката на партијата Марија Митева.

Инаку, вкупниот буџет на Град Скопје тежи 117 милиони евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста