Град Скопје два пати во две години ги има возено новинарите на терен, зошто купи џипови во среде пандемија?

Зошто сега беше неопходно да се купат џипови како службени теренски возила за Дрисла и тоа за потребите на медиумите како што вчера го оправда трошењето пари скопскиот градоначалник, во време на финансиска и здравствена криза? Алфа провери колку пати Град Скопје ги носеле новинарите на тури во Дрисла или било какви други потреби за теренски патувања. И бидејќи тие информации се најдостапни на интернет излезе дека последната  т.н. тура во Дрисла е во февруари годинава.  Претходните посети на медиумски работници биле организирани во јуни 2018-та и тоа само за странски новинарски екипи. Градот ги шетал низ историските и културни знаменитости.

И толку. Февруари, па дури пред 2 години претходно. И пак е нејасно, од каде грижата за новинарите, баш во време на беспарица, отпуштања од работа во Ковид кризата, Шилегов да ја користи како оправдување за трошење огромни суми за набавка на теренски џипови?

Колку за потсетување директорот на Дрисла, Начевски  во неделата тврдеше дека џипови не се набавуваат, а всушност самиот Шилегов признава. Во одбрана на потегот, освен со новинарите градскиот татко се обиде да се извади со познатата реторика за власта вперувајќи го прстот во опозицијата. Тврди дека автомобилот на претходниот директор  на Дрисла  чинел три пати повеќе од сегашната набавка.

Сепак, на крајот тоа не е доволен аргумент за трошењето пари во време на криза за потреби кои реално не постојат.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста