Гостиварци од денеска со 24 часовни блокади на патот кон Русино, нема повеќе да дозволуваат сметот да се носи во депонијата.Најавуваат дека ќе останат таму, се додека, прво не се изгасне огнот, а потоа и да се започне со итно решавање на проблемот.

Од комуналното претпријатие пак, се децидни, сметот мора да се носи на Русино, оти друга локација нема.

Депонијата Русино и сеуште константно гори загадувајќи ја целата гостиварска околина.Мирис на чад и смрдеа се шири постојано веже со недели.Засега нема никакви најави за решавање на овој децениски проблем.Надлежните и натаму си ја префрлаат меѓусебно,вината и одговорноста.

Милена Вучевска